Friday, September 23, 2011

vic 4



Зошто слонот e голем, сив и згужван?
- Па да беше мал, бел и рамен ќе се викаше аспирин
.

vic 3


Пензионерка:
- Момче, може да те замолам да станеш за да седнам?
- Да, може.
И ништо не се случува. Пензионерката повторно:
- Момче, ама ако може да те замолам да станеш.
- Да, да, се разбира дека може.
И повторно ништо. Пензионерката:
- Ама, момче, може ли да те замолам да станеш?
- Па, замолете ме веќе еднаш!

vic 2


Се жали еден човек на докторот:
- Докторе, жена ми сосема се мрднала. Чува дома 20 мачки, смрди како да умрел некој.
- Па добро, проветрувајте почесто.
- Ма немој, па да ми избегаат гулабите.

vic


Мујо му вика на Хасо:
- Многу се нервирам кога ги читам денешниве весници со премногу долги и бесмислени наслови на сториите. На пример:
“Жена уапсена поради возење на погрешна страна.” Наместо да напишат:
“Жена уапсена поради возење” – кратко и јасно.

vic na denot


Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
- Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
- Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
- Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
- Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
- ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
- ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!